Мицкоски: Направена е историска најголемата исплата за субвенции за земјоделците

Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања

пред 1 година

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека на почетокот од следната недела ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ за да разговараат за нивните барања потенцирајќи дека само така ќе се дојде до решение што ќе биде успешно.

„Ние честопати зборувавме дека начинот што го избраа синдикалците не е соодветен за да се реализираат барањата и да се надминат сите овие работи. Апсолутно, на почетокот на следната недела ќе се сретнам, нормално, во зависност од нивното расположливо време. Јас денеска од овој настан ќе појдам во Владата, имам од два часот редовни состаноци, да го видам каков е распоредот, ќе им предложиме два-три термини, нека изберат еден. Ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите, меѓу другото, се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет, ќе можеме и таму да разговараме. Така што, само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение што ќе биде успешно“, изјави Мискоски.

Текстот Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top