Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг. Тој посочи и каде партијата има предност и ќе оди во втор круг да се бори за градоначалничките места. Мицкоски кажа дека во некои од општините ВМРО-ДПМНЕ била блиску до победа во прв круг, но не го остварила поради недостаток од десетици гласови, а таков пример е Охрид. Тој посочи дека нема славење, туку работа од утре.

„Македонски брод имаме водство во првиот круг и тука СДСМ нема да биде ниту во вториот круг, во Аеродром очекуваме да се заврши во првиот круг зошто имаме огромна разлика. Кисела Вода имаме убедливо водство очекуваме да завршиме во првиот круг. Сопиште завршена е работата во првиот круг, Стевче е новиот градоначалник. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во првиот круг, Бутел го има новиот градоначалник. Чучер Сандево поддржувавме кандидат кој води и оди во втор круг. Боби во Гази Баба ја заврши работата во прв круг. Ѓорче Петров можеме да победиме во прв круг, нијанси одлучуваат. Пехчево одиме во вториот круг како прво пласирани, Виница е завршено во првиот круг, Македонска каменица одиме во втор круг, Кочани одиме во втор круг бидејќи има нерамноправна борба. Зрновце завршивме во првиот круг, Борче е таму новиот градоначалник. Зелинково одиме во втор круг како прво пласирани. Петровец, Борче останува градоначалник. Во Илинден, Александар ги победи двајцата кандидати на СДСМ, завршена работа. Чешиново Облешево одиме во втор круг како прво пласирани. Иван од Штип ја заврши работата во првиот круг. Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Свети Николе го има новиот градоначалник во првиот круг. Лозово и Пробиштип ќе има втор круг. Во Кратово за 13 гласа не успеавме, но ќе успееме во втор круг. Ранковце влегуваме во втор круг. Марко од Велес испрати поздрав, Велес е вмровски град. Во Градско, Кире е новиот градоначалник. Во Радовиш одиме со предност во вториот круг. Во Конче имаме втор круг. Босилово има нов градоначалник. Босилово одиме во втор круг, Андон во Гевгелија е многу блиску до победа во прв круг. Неготино го има новиот градоначалник во првиот круг, Горан. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев. Прилеп победува во прв круг. Во Могила и Новаци завршена работата во прв круг. Ресен имаме втор круг. Пецак поздрави и рече му фалеле гласови ама победува во втор круг. ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Втор круг имаме во Маврово и Ростуше каде влегуваме како прво пласирани. Втор круг имаме во Демир Хисар. Диме од Јануговце победи во прв круг. Брвеница влегуваме како првопласирани во прв круг“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара граѓаните кои не гласале да се обединат во намерите да биде подобро и да гласаат во вториот круг.

„Победи народот и покрај сите нерегуларности, поткупи и притисоци кои ги правеа, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев кои беа против нас, но со нас е народот. Шансата за нова иднина ја зема народот во раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Ова е триумф на луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат. Трешти гласот на промените. Ова е чекор до финалната победа. Доста е делби, конфликти, криминал и корупција. Ова е победа на народот на Македонија. Ова е победа но ова е и одговорност. Нема да ве изневериме, нема да ве разочараме. Гарантирам за тоа што го зборам. За мене, за нас ова е обврска и одговорност. Се што зборував во кампањава паметам добро и тоа ќе направиме заеднички“, рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top