Мицкоски: Швајцарија е меѓу најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка

Мицкоски: Швајцарија е меѓу најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка

пред 7 часа

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Швајцарија е еден од најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка, по денешната средба со претседателот на Швајцарската конфедерација во Скопје.

Мицкоски рече дека имале „прекрасна работна средба“ и работен ручек со високата швајцарска делегација, на кој присуствувале и претставници на македонската Влада и бизнис-заедницата.

„Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за сето она што нè поврзува и како сето тоа да го зголемиме и засилиме во периодот што следува“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека во наредниот период билатералните односи меѓу двете земји ќе го достигнат посакуваното ниво, особено во делот на економската соработка и трговската размена.

Премиерот упати благодарност до Швајцарија за, како што рече, целокупната помош и поддршка што ѝ ја дава на земјата.

„Како претседател на македонската Влада можам да кажам дека ќе работиме интензивно на зајакнување и подигнување на повисоко ниво на нашите билатерални односи“, порача Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Швајцарија е меѓу најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top