Мицкоски: Шилегов само се потруди во зголемување на својот имот, неговиот аматеризам е поголем од неговата неработа

пред 3 години

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски, истакна дека единствено она за кое се грижи Петре Шилегов е зголемување на својот личен имот, а лагите за тунелот под Кале, Луна паркот и мостот кој завршува во нечија дневна соба, покажува само дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговото неработење.

„ Сообраќајниот хаос е последица на тоа што градот Скопје престана да се развива. Скопје 4 години се дави во смет, во хаос, бетон и лажни надежи на градскиот татко. Лагите за тунелот под Кале кој непостои, новиот Луна парк кој не е допрен или мостот кој завршува во куќи и нечија дневна соба покажува дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговата неработа за Скопје“, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека единствено каде вистински се потрудиле градоначалниците од власта е во нивната трка за зголемување на личниот имот, каде Шилегов е шампион.

„ За нас ова е трка за модерно Скопје, за нив тоа е трка по моќ и функции, посочи Мицкоски.

Share
Scroll to Top