Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледува опцијата за барање на нови парламентарни избори, соопшти Христијан Мицкоски, лидер на партијата. Втора опција за него е формирање на ново парламентарно мнозинство, на што доби аплауз од партиските симпатизери, членови и кандидати за градоначалници.
Прашан со кого би го формирал мнозинството тој посочи: „120 пратеника има македонскиот парламент. За мнозинство се потребни 61. Тоа значи дека 61 од 120 е многу брзо за да се формира“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека очекува мнозинство во советите во повеќе од 50 општини, вклучително и Градот Скопје. За него, сигурно е дека 20 градоначалници имаат предност, без Аеродром и Кисела Вода, а во други 20 се првопласирани.
Прашан дали во втор круг би го поддржале Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово, кој е независен кандидат, Мицкоски рече: „Јас сум оптимист дека Тони Михајловски ќе влезе во вториот круг“.