Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра и ги предал во полиција

Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра и ги предал во полиција

пред 4 часа

Осумнаесетгодишен жител на Делчево пронашол лични документи и поголема сума пари на булеварот „Македонија“, по што ги предал во полиција.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври во 14 часот, младиот делчевец во Полициската станица Делчево предал патна исправа, лична карта и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра, кои ги пронашол на булеварот.

Од МВР ја поздравија постапката на младото момче, оценувајќи ја како пример за чесност, совесност и граѓанска одговорност.

Од Министерството посочуваат дека ваквите постапки заслужуваат јавно признание и се поттик за негување на меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата.

Текстот Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра и ги предал во полиција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top