МНР одвои речиси милион евра за евакуација на Македонците од Блискиот Исток: Набавката на чартер-летовите ќе биде по скратена постапка поради итноста

МНР одвои речиси милион евра за евакуација на Македонците од Блискиот Исток: Набавката на чартер-летовите ќе биде по скратена постапка поради итноста

пред 3 часа

Министерството за надворешни работи ќе договори чартер-летови за Македонците од Блискиот Исток кои побарале евакуација. Постапката за нивна безбедна евакуација од Министерствот известија е почната.

„Ја информираме јавноста дека, согласно заклучок на Владата, започната е постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација. Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ“, соопшти МНР.

Денес шетмина Македонци од Израел ќе бидат пренесени во Египет, каде што ќе преноќат на трошок на државата, а утре со владиониот авион ќе бидат вратени дома.

Бројката на лица кои побарале евакуација секојдневно се зголемува. Денес Министерството извести дека 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.

Текстот МНР одвои речиси милион евра за евакуација на Македонците од Блискиот Исток: Набавката на чартер-летовите ќе биде по скратена постапка поради итноста е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top