МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме ученик да остане без учебник

пред 5 месеци

Министерството за образование и наука потсетува дека, како што и беше најавено, од следната учебна година ќе се примени комбиниран начин на учење кој подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници, се наведува во реакцијата на МОН на прес – конференцијата на претставничката на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ Весна Кусакатска, која вели дека ќе се укинат печатените учебници.

„Имено, за учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки. Но доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено. Додека лектирите и понатаму ќе бидат достапни само во печатена форма“, велат од МОН.

Министерството за образование и наука, додаваат од таму, во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен.

„Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме. Дискриминацијата е појава во образованието за која се зборуваше во минатото, а сега веќе целосно се елиминира. Актуелната влада и Министерството за образование и наука интензивно работат на инклузивноста во образованието. Во таа насока, за првпат во учебната 2021/2022 година сите учебници ќе бидат достапни во аудио формат и на Брајово писмо за потребите на учениците со оштетен вид. Преку новиот Закон за учебници ги бришеме нелогичностите во содржините за кои, за жал во некои други времиња немаше реакции и со децении беа уништувани генерации на ученици“, пишува во реакцијата на МОН.

Новиот Закон за учебници, додаваат од таму, има строго утврдени правила по кои ќе се одобруваат и печатат книгите.

„Министерството за образование и наука нема да дозволи несоодветни содржини да бидат дел од материјалот кој го изучуваат ученици. Во иднина наместо дискриминирачки и омаловажувачки текстови ќе зборуваме за квалитет“, се наведува во реакцијата.

По однос на изнесувањата дека 10 проценти од учениците не се вклучени во наставата, МОН вели дека се работи за апсолутна невистина, бидејќи преку хибридниот модел на настава (со физичко присуство, онлајн настава, достава на печатени материјали и едукативни емисии на МТВ) правото на образование никому не е скратено.

Share

Dragon Ball: Mystical Adventure Episode Full

https://animebee.to dubbed anime

Watch Yatterman Episode 60

TwistMoe: Rozen Maiden: Zurückspulen anime episode 13 online free at https://twistmoe.net gogoanime

Lazi: https://lazi.vn/user/gogoanimebe

Gogoanimebe wixsite: https://gogoanimebe.wixsite.com/gogoanimebe

Scroll to Top