Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.
Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на црвено светло, 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.