Најголемата количина на вакцини добиени во една пратка ќе ја забрза вакцинацијата во земјава

пред 3 месеци

Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини набавени од кинескиот производител „Синовак“.

„Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката Јане Сандански и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби, по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација“, посочуваат од Министерството за здравство од каде додаваат дека ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава.

„Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид-19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид-центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот“, кажа државната секретарка на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.

„Светската здравствена организација ја одобри вакцината ‘Синовак’ за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината ‘Синофарм’, вакцината ‘Синовак’ е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира лица на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето“, потенцираше амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Министерот Филипче претходно најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.

Share

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at WCOStream paw patrol wcostream

Idoly Pride Episode 12

https://kissanime.mx tower of god kissanime

Kcn binhduong: https://kcn.binhduong.gov.vn/hethongvanban/Lists/HoiDapCongDan/DispForm.aspx?ItemID=1209

Projectlibre: https://www.projectlibre.com/users/kissanimemx

Scroll to Top