На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

пред 11 месеци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 15 – 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top