На Клиниката во Ниш почина доктор Ѓорчев, таткото на пратеникот Влатко Ѓорчев

пред 2 недели

На Клиниката во Ниш починал проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, кој десетина дена беше во кома откако ја прими вакцината „АстраЗенека“ во Србија.

Ѓорчев имаше 72 години и беше специјалист по пулмологија и алергологија. Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Неговиот син на 29 март годинава на Фејсбук објави дека д-р Ѓорчев кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест.

„Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме се уште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее“, напиша Ѓорчев.

И покрај надежите на неговото семејство, д-р Ѓорчев не се разбудил од кома.

Професорот Ѓорчев има над 200 објавени трудови во македонски, југословенски и светски списанија и три книги: “Asthma bronchiale – енигма и предизвик”, „Македонски национален план и програм за дијагноза и терапија на Бронхијална астма – реалност или визија“,„Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична обструктивна белодробна болест”.

Тој е поранешен претседател на Секцијата за алергологија при Македонското респираторно здружение, претседател на Секцијата за алегрологија при Здружението за алергологија и клиничка имунологија на Македонија, претседател на националната кампања за астма и ХОББ, раководител на проектот при Министерството за образование и наука со наслов „Македонски национален план и програма за дијагноза и лекување на астма“ и член на друштвото на Клиничка алергологија и научната група за респираторна фармакологија и третман при Европското респираторно здружение.

Share

ANIMEFLIX anime websites: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 15 (https://animeflix.nl/m/bl52/ep-15)

4Anime websites like 4anime: Watch Redo of Healer Episode 7 (https://4anime.biz/m/N6Yr/ep-7)

Scroll to Top