На Клиниката за урологија во тек се две трансплантации на бубрези од починат донор

пред 3 години

На Клиниката за урологија утрово започнале две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која завршила во доцните ноќни часови, информираат од Министерството за здравство.

„Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот“, се наведува во соопштението.

Министерот за здравство, Венко Филипче, упатува неизмерна благодарност до храброто семејство кое, како што вели, покажало дека е возможно да се подари живот.

Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.

Од ресорното министерство упатуваат благодарност до сите лекарски тимови кои се вклучени во оваа трансплантација, а на пациентите им посакакуваат брзо закрепнување по операциите.

Share
Scroll to Top