На патот Градско – Велес откриени 10 мигранти од Авганистан

пред 3 години

По полноќ на регионалниот пат Градско-Велес од полициски службеници од СВР Велес било забележано патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење.

По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, Скопско е  приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот, информира МВР.

 

Share
Scroll to Top