Летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Тоа значи дека во три часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека одлуката за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година е донесена од Владата на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68.
Текстот На 26 октомври, во недела, ќе почне зимското сметање на времето е превземен од МАКФАКС.






