Неготинец загина откако се превртел со трактор

пред 4 години

Жител од Неготино починал откако се превртел со тракторот кој го управувал.

Утрово во 07.40 часот во полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид бил извршен од екипа на полициската станица од Неготино.

Share
Scroll to Top