Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

пред 6 часа

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест кои ние како синдикат го поддржавме, вели Мартин Ефремов, претседател на независниот синдикат на полицијата.

Бараме од ССМ, објави тој на социјалните мрежи, веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачи на политички партии.

„Дека истите тие до пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментов не и е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.
Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментов помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика“, пишува Ефремов.

Текстот Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top