Нема поскапување на цената на струјата до крајот на годината, уверува Мицкоски

Нема поскапување на цената на струјата до крајот на годината, уверува Мицкоски

пред 2 часа

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Владата ќе продолжи да се залага цената на електричната енергија за домаќинствата да остане непроменета и во претстојниот регулаторен период.

Тој рече дека одржувањето на енергетската стабилност и заштитата на стандардот на граѓаните се одвиваат во услови на најголема светска енергетска криза, кога цените на берзите во регионот и Европа рушат рекорди.

Запрашан дали АД ЕСМ ќе понуди пониска или повисока цена од досегашните 65 евра за мегават-час, Мицкоски посочи дека во сегашните берзански услови, таа цена е дури трипати пониска од онаа што ја плаќаат граѓаните во соседството и во Европа.

„Секаде во регионот и во Европа цените на енергенсите пробиваат рекорди. Има држави во Европа каде цената на дизелот е над три евра, додека кај нас е под 1,6 евра благодарение на мерките на Владата. Во таа насока планираме да продолжиме и за електричната енергија. Се бориме и наш приоритет е цената да остане иста и да нема зголемување“, нагласи Мицкоски.

Според него, конечната цена не зависи исклучиво од ЕСМ, туку од барањата на повеќе субјекти во системот, вклучително и операторот и приватниот дистрибутер ЕВН.

„Цената останува иста до крајот на годината, односно и во ноември и во декември. А, за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме да видиме што ќе кажат енергетските компании. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија“, истакна Мицкоски.

Текстот Нема поскапување на цената на струјата до крајот на годината, уверува Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top