„Не сте сами“ – градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со ружи и поддршка за жените кои се борат да станат мајки

„Не сте сами“ – градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со ружи и поддршка за жените кои се борат да станат мајки

пред 7 часа

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска ја посети клиниката „Њуборн“, каде заедно со здружението „До бебе по патот на ИВФ“ им подарија ружи на вработените и на жените кои се на патот кон мајчинството.

Посетата е реализирана по повод вчерашниот празник на жената, 8. Март,  и претставува симболичен гест на почит и поддршка за жените кои, како што наведува, со надеж, трпение и вера чекорат кон улогата да станат мајки.

„Овој мал гест е симбол на почит и поддршка за нивната храброст и сила. Патот до родителството понекогаш знае да биде долг и тежок, но надежта и љубовта се тие што го прават секој чекор вреден“, рече таа.

Стаменкоска-Трајкоска порача дека секое семејство заслужува шанса и дека секој сон за бебе заслужува надеж.

„До сите жени кои се на овој пат – не сте сами. Зад вас стојат поддршка, разбирање и искрена верба дека сонот за семејство може да стане реалност. Љубовта создава живот“, им порача градоначалничката на жените во клиниката.

Текстот „Не сте сами“ – градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со ружи и поддршка за жените кои се борат да станат мајки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top