Пред денешната седница на комисијата за прашањата за изборите и именувањата важно е да се потенцираат две работи: Прво, добро е што по неколкумесечен застој денеска ќе се разгледуваат предлозите за уставни судии, Второ, лошо е што ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од партиски инсталации во судството, нешто што беше нивна одлика за време на 11 годишниот режим рече на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Тоа се гледа и по нивните предлози за нови уставни судии. Меѓу предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за уставни судии е Саво Климовски – докажан бранител на режимот. Саво Климовски беше еден од говорниците на протестите пред 27 април кога ги хушкаше граѓаните да се спротивстават на промената на власта. Неговиот син Александар Климовски исто така бранител на режимот, денес е стратешки соработник на Христијан Мицкоски. Понатаму ВМРО-ДПМНЕ ја предлага Родна Живковска, мајка на Иван Живкоски, некогашен партиски избран лидер на студентите, денес претседател на Совет на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и адвокат на градското јавно претпријатие Лајка. Како предлог за уставен судија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е и Весна Јовановска, некогашна пратеничка од оваа партија. Еве како ВМРО-ДПМНЕ го замислува Уставниот суд, како место за згрижување на свои партиски кадри, нешто слично што го прави со секоја институција со која раководи нивен кадар“, рече Николоска.