(Видео) Николоски: Како Министер за транспорт и вицепремиер ќе дадам сѐ од себе да се почувствува разликата

Николоски во работна посета на Солун: акцент на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридорот 10

пред 2 дена

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски претстојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”

На форумот, Николоски ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.

Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка.

Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас.

Во рамки на дводневниот форум, покрај министерот Николоски и министрите од Владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.

Текстот Николоски во работна посета на Солун: акцент на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридорот 10 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top