Во селото Трн почна асфалтирањето на пет улици, откако пред две недели започна нивната реконструкција, соопшти Општина Битола.
Според информациите, асфалтирањето започнало денеска и се очекува работите да завршат до четврток.
Увид во градежните работи извршиле градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, како и надлежните за реализацијата на проектот.
Реконструкцијата опфаќа пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри. Сите улици се со ширина од 3,5 метри, со банкини од двете страни широки по 50 сантиметри.
Вкупната вредност на проектот изнесува 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.
Од Општина Битола посочуваат дека со реализацијата на овој проект се подобрува патната инфраструктура во руралните средини, а општината останува посветена на подобрување на условите за живот на жителите.
Проектот се реализира со динамична работа и се очекува наскоро да биде целосно завршен.
Текстот Нови улици за жителите на Трн: во тек асфалтирање на пет патни правци во Битолско е превземен од МАКФАКС.






