Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

пред 10 месеци

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.

Текстот Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top