Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

пред 3 дена

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето, соопшти Обвинителството.

Како што извести Обвинителството ова е осмо обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Текстот Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top