Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет нè очекува денеска низ земјава. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.
Текстот Облачно и дождливо време, попладне и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи е превземен од МАКФАКС.






