Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и температура до 15 сетепени

пред 3 години

Денеска се очекува облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени.

На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 13 степени.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Share
Scroll to Top