Образованието во фокус: потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Образованието во фокус: потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

пред 3 часа

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината.

Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците.

Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.

Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.

Овој Меморандум, според општината, е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. „Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина“.

Текстот Образованието во фокус: потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top