Одбиени жалбите за замрзнувањето на имотот на Мијалков

пред 3 години

Судот ги одби жалбите поднесени за одлуката за одземање на имотот на Сашо Мијалков во случајот „Империја“.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалби на правните лица Дивелоп груп ДОО Скопје и Бест Вејт Инвестмент ДООЕЛ Скопје, изјавени против шест решенијата на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на ОЈО ГОКК за предметот познат како „Империја“, на 20.04.2022 година одржа седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост.

Имено во текот на изминатата недела, судиите од одделот на претходна постапка, постпаувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител, донесоа решенија со кои се изрекa мерки – Одземање на имот заради обезбедување поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело, како и Забрана на правните лица за распологање со удел во правно лице и отуѓување на имот кој се запленува во корист на РСМ.

Share
Scroll to Top