Од недела локален пороен дожд и пад на температурите

Од недела локален пороен дожд и пад на температурите

пред 4 часа

После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите.

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР.

 

Извор: УХМР

Текстот Од недела локален пороен дожд и пад на температурите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top