Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собранието на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.
На средбата беа потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Северна Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес.
Претседателот Стевановиќ ја истакна посветеноста на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и ја потврди силната поддршка на Словенија за европската интеграција на Северна Македонија.
Од своја страна, претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот на реформите и европската интеграција, нагласувајќи ги предизвиците и важноста од унапредување на овој процес за стабилноста и развојот на земјата и регионот.
Соговорниците ја оценија и улогата на студентите како важен мост меѓу двете земји, кој придонесува за зајакнување на билатералните односи и градењето на заедничка европска иднина.
Двајцата се согласија за понатамошно зајакнување на партнерството и соработката меѓу двете земји.
Текстот Од Љубљана стигна порака за поддршка: Словенија останува сојузник на Македонија на европскиот пат е превземен од МАКФАКС.





