Општина Гази Баба додели 12 милиони денари на спортски клубови, спортисти и здруженија

Општина Гази Баба додели 12 милиони денари на спортски клубови, спортисти и здруженија

пред 4 часа

Општина Гази Баба додели 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

„Денес не потпишавме само договори – денес вложивме во соништа, во идни шампиони и во иднината на Македонија. Општина Гази Баба со гордост доделува 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија. Зад секој млад талент стојат часови напорна работа, откажувања и голема љубов кон спортот. Токму тие млади луѓе се нашата сила – тие се доказ дека имаме иднина“, напиша Стефковски.

Текстот Општина Гази Баба додели 12 милиони денари на спортски клубови, спортисти и здруженија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top