Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска поддршка на семејствата со деца кои го започнаа своето основно образование во учебната 2025/2026 година. Со мерката се опфатени над 150 првачиња запишани во општинските основни училишта.
„За секое прваче е обезбедена еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, со цел да се намалат дел од трошоците на семејствата на почетокот на учебната година. Покрај финансиската поддршка, на првачињата традиционално им беа доделени и ранци со училишен прибор“, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.
Текстот Општина Илинден додели субвенции на над 150 првачиња е превземен од МАКФАКС.





