Османи: ДУИ очекува победа во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково

пред 3 години

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прес-конференција истакна дека првично очекуваат победа во три општини уште во првиот круг. Според него, партијата има водство и во речиси сите општини каде имаат кандидати.

„Според прелимирнарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предност во сите други општини каде учествува со свои кандидати, според тоа, можам да кажам дека целиот овој дел од Република Северна Македонија вечерва е веќе обоен во „зелено”.Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир имам непотврдени сознанија дека односот е 2:1 за ДУИ и голема е предноста и можноста за победа уште во прв круг, но немам дефинитивна потврда. Во Куманово односот е 3:1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ#, истакна на прес-конфренцијата Бујар Османи.

Тој оцени дека првиот круг успешно е завршен.

„Изборите завршија успешно и покрај мали технички предизвици кои брзо се отстрануваа и не го попречија изборниот процес“, рече Османи.

Share
Scroll to Top