Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

пред 1 месец

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и дека ќе се испушти најголемата историска шанса за македонскиот јазик и за влез во ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според него, се следно ќе биде потешко и полошо. Да треба да го смениме Уставот, но тоа е во наш интерес.

„Сите шпекулации дека има фуснота се лажни, да има изјава од Бугарија, но не во рамката туку во записникот. Но тоа не влегува во документот, не влегува во документите, еднаш се кажува и никогаш повеќе“ – рече Османи.

Тоа што го има во португалскиот предлог ќе стои како изјава на бугарската страна, тие ќе го кажат тој став. Тие ќе кажат својот став како издвоено мислење на состанокот, ЕУ не го прифаќа тој став, замислете ЕУ да го прифатеше тој став?

Мислам дека нивната изјава е според португалскиот предлог, дека пред 1945 година не постоел македонски јазик, одговори Османи на новинарско прашање.

„Протикот е продукт, тоа е документ, не сакав тој документ да биде таму. Но договорот и член 12 тоа е иста реченица, рече османи. Нема ништо различно посебно во најспорниот дел дека биле внесени историските прашања, каде се внесени тие историски прашања? Човековите права не се внесени, малцинските права не се внесени“ – рече Османи на брифинг со новинарите во МНР.

„Нас ни се забранува да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија зашто не го признаваат нашето малцинство во Бугарија, а ние сме обврзани за малцински и човекови права?
Оваа рамка е што треба да исполни Северна Македонија во рамката не се третираат прашања за земјите членки како што е Бугарија туку само за нас. Ова е за исполнување на наши услови, рамката е за нас, нема врска со малцинство, немалцинство, ова е само за исполнување на нашите услови за да станеме членка на ЕУ“ – рече Османи.

Министерот за надворешни работи укажа и дека не е никаков проблем Бугарите да влезат во Уставот на државава.

„Кој е аргумент од хрватска црногорска заедница да прашат зашто не се во Уставот, нема аргумент освен класична дискриминација. Во наш интерес е да ги внесеме и Хрватите и Црногорците како Хрватска што ги внесе сите, 25 заедници. Не смееме да гајиме чувства на гнев кон другите, немаме проблеми такви за да ги мразиме другите, не можеме да не ги внесеме Бугарите во Уставот, 3000 се колку се толку се, сите тие ги имаат истите права и привилегии. Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија“ – рече Османи.

Share

sunwin

game sunwin

sunwin tài xỉu tải sunwin sunwin tài xỉu

sunwin game bài sunwin sunwin apk

tải sunwin

Scroll to Top