Османи: Можеби ова е последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

пред 3 години

Можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, образложувајќи дека во иднина нема да може граѓаните и понатаму да бидат малтретирани и изложени на ваков процес на циклични очекувања и разочарувања – надежи и фрустрации.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој рече и дека доколку сега не се искористи шансата, понатаму Владата ќе има се’ помалку и поразредена политичка енергија, но и целото општество. Изрази надеж дека наредните недели ќе биде остварен конкретен дијалог и чекори, а комуникацијата со Бугарија и француското претседателство ќе продолжи.

„Ние не можеме да имаме ваков пристап во којшто владите ќе бидат тематски, ќе се занимаваат само со едно прашање и со една надеж. Ќе мора да се фокусираме внатре со реформите и европеизација на државата, меѓутоа нема да може да има енергија понатаму да се продолжи како што беше до сега“, изјави Османи додавајќи дека треба да знаеме на што сме и дека направивме се’ што требаше да биде направено.

Тој рече дека особено во последните месеци позициите се приближени и ќе биде историска штета ако не се успее, зашто никогаш, како што рече, нема да бидеме во подобра позиција за надминување на овие разлики.

Ја повика опозицијата да го разбере моментот и да се продолжи конструктивно додека не се исцрпи оваа можност.

Share
Scroll to Top