Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

пред 2 часа

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта, како што наведуваат, е спречување на нерегуларности во работењето и поголема заштита на гостите.

Од инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено одредбите за дозволениот број гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други регулативи што се однесуваат на нивната дејност.

Инспекторатот најавува соодветни мерки и санкции за сите кои нема да ги почитуваат законските правила.

Граѓаните се повикуваат сите неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.
.

Текстот Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top