Пак тепани жени, мајки, снаи, браќа и партнерки

Пак тепани жени, мајки, снаи, браќа и партнерки

пред 3 часа

Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало девет случаи на семејно насилство на повеќе локации низ државата. Во пет случаи сторителите биле лишени од слобода, додека со три лица бил извршен службен разговор.

Во Куманово бил приведен 32-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.

Во Тетово, полицијата лишила од слобода 62-годишен маж, кој, според пријавата на неговите двајца синови, под дејство на алкохол физички ги нападнал и им се заканувал со остар предмет.

Во општина Чашка бил приведен 28-годишен маж, осомничен дека ја нападнал својата вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет. При проверката било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

Во Велес, 24-годишник бил лишен од слобода поради закани кон поранешната партнерка и физички напад врз нејзин пријател во угостителски објект.

Во друг случај во Велес, полицијата извршила службени разговори со три лица, откако маж пријавил дека бил физички нападнат од својот брат, снаа и татко.

Во Скопје, 41-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот во семејниот дом, додека 21-годишна девојка пријавила дека добивала закани од својот партнер.

Во Штип бил приведен 39-годишен маж, кој, според пријавата, ѝ се заканувал на поранешната сопруга и ја прекршил судската мерка за заштита од семејно насилство.

Во Пехчево, 46-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот пред угостителски објект.

Од МВР информираат дека за сите случаи се известени надлежните јавни обвинители, а по целосното документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Пак тепани жени, мајки, снаи, браќа и партнерки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top