Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

пред 4 часа

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија.

Како што информираат од Фондот, станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност.

„Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic.

Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари

Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката.

Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари.

Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини“, се додава во соопштението на Фондот за здравствено осигурување.

Текстот Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top