Вчера во 09.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“, ул.„Младинска“ во Струмица, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(68) од Струмица, удрило во З.Ј.(65) од Струмица.
Во несреќата З.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.