Петмина граѓани се обиделе да поминат на „Табановце“ со лажен ПЦР тест

пред 3 години

На Граничниот премин „Табановце“ викендот биле откриени 5 фалсификувани ПЦР тестови.

Имено, на 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top