Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

пред 4 часа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека зад денешните работнички протести стои СДСМ, а не Сојуз на синдикатите на Македонија, тврдејќи дека партиски луѓе ја организирале мобилизацијата на работниците од повеќе градови низ државата.

Според Петрушевски, јавноста можела јасно да види дека наместо синдикатот, зад организацијата на протестите стојат структури поврзани со СДСМ, кои ги организирале работниците да дојдат на протест во Скопје.

Тој наведе дека во Тетово и поширокиот регион работниците ги организирал Мирослав Павловски, за кого рече дека е истакнат член на СДСМ. Според него, работниците од Струмица и околината ги организирал Бранко Георгиев, поранешен раководител во струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ во период кога на власт била СДСМ.

Петрушевски тврди дека работниците од Куманово и кумановскиот регион ги организирал Оливер Трајковски, за кого рече дека води штаб на СДСМ во Куманово и е вработен во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

„И сите овие, како и други од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст, решиле да организираат протести на ССМ“, рече Петрушевски.

Тој додаде дека барањата на работниците се легитимни и дека тие имаат право да бараат нивно исполнување, но оцени дека начинот на кој се организирани протестите не претставува синдикална активност и вистинска борба за работничките права.

Според него, примерите од организацијата на протестот покажуваат дека постои „знак на равенство“ меѓу ССМ и СДСМ.

Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, но оцени дека, како што рече, „она што го прават СДСМ и ССМ е измама“.

Текстот Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top