Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

пред 3 дена

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.

Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.

Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.

Текстот Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top