До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите меѓу селата Слатина и Грешница и од селото Девич кон Самоков во општина Македонски Брод, меѓу селата Делогожда и Татеши во струшко, кај селото Борино во Крушево и кај селото Баранци во битолско.
Под контрола е пожарот во општина Желино, меѓу селата Горна и Долна Лешница.
Во текот на денот се изгаснати девет пожари, и тоа во Велес, Струмица, Ѓорче Петров, Босилово, Валандово, Штип, Илинден, Сарај и Гостивар.
Текстот Пет пожари сè уште активни низ државата, девет се изгаснати е превземен од МАКФАКС.






