Планираните даночни приходи се 100% реализирани, Коњановски даде годишен извештај за 2025 година   

Планираните даночни приходи се 100% реализирани, Коњановски даде годишен извештај за 2025 година   

пред 8 часа

Советот на Општина Битола денеска одржува седница на која меѓу точките на дневен ред се завршната сметка и годишниот извештај за работата на Општината во 2025 година.

Градоначалникот Тони Коњановски во обраќањето пред советниците кажа дека буџетот е 100 % реализиран.

„Пред вас денеска е завршната сметка на Општина Битола за 2025 година и годишниот извештај за истата година. Имавме градежна офанзива и тоа може да се види дека заклучно со четвртиот квартал реализирани капитални расходи се во износ од 411.187.922 денари,“ рече Коњановски.

Меѓу реализираните проекти градоначалникот ги посочи новата детска градинка во АРМ, реконструкцијата на уличното осветлување на улицата „Никола Тесла“, реконструкцијата на коловозот на булеварскиот влез „8-ми септември“, изградбата на велосипедска патека, реконструкцијата на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе и изградбата на објект за противпожарната единица во старата касарна.

Коњановски нагласи дека во споредба со периодот од 2018 до 2021 година, процентот на реализација на капиталните расходи е значително зголемен, и покрај тоа што 2024 и 2025 беа изборни години.

„Планираните даночни приходи се остварени со над 100 проценти, неданочните приходи со 76,55 проценти, капиталните приходи со 82,72 проценти, а трансферите и донациите со 49,69 проценти. Вкупните приходи на Општина Битола во 2025 година се реализирани со 73,16 проценти“, рече градоначалникот.

Тој се заблагодари на општинската администрација и јавните претпријатија за посветеноста и најави дека со почетокот на градежната сезона ќе се реализираат нови десетина проекти, меѓу кои реконструкција на улици, патишта и спортски игралишта.

 

 

 

Текстот Планираните даночни приходи се 100% реализирани, Коњановски даде годишен извештај за 2025 година    е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top