Победата на животот над смртта е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат, порача Филипче

Победата на животот над смртта е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат, порача Филипче

пред 5 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите верници од православната вероисповед им го честиташе денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

„Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.

Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани.
Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!“, порача Филипче.

Текстот Победата на животот над смртта е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат, порача Филипче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top