Попладне краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град

пред 4 години

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 23 °C, P= 974 hPa, U= 42 %, V= 5 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Потоа до понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Share
Scroll to Top