Постапка против дилер од Гостивар фатен со полн ранец хероин

пред 6 дена

Обвинителството започна истрага против 52-годишен жител на Гостивар, за кој постои сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот на 24 декември минатата година, неовластено заради продажба пренесувал хероин со вкупна тежина од 4.461 грам.

Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20 часот на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин.

Бидејќи постои страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, со оглед на видот и количината на пронајдената дрога, која укажува на добро воспоставени криминални врски, како и поради подготвеноста да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Share

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

watch animes Naruto

Attack on Titan (Dub) Episode 24

animefreak AnimeFreak Boruto: Naruto Next Generations

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 19

watch anime online Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

Scroll to Top