Починаа две родилки со Ковид-19, бебињата во критична состојба

пред 10 месеци

Две родилки, една од Скопје и една од Делчево починаа, откако биле породени, па хоспитализирани. Родилката од Делчево била на возраст од 33 години, додека родилката од Скопје имала 32 години. Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника, Викторија Јовановска вели дека се чувствуваат поразено, како тие, така и персоналот од КАРИЛ и градската општа болница „8 септември“ каде родилките се бореле за живот, бидејќи не успеале да ги спасат. Двете родилки биле позитивни на коронавирусот.

„Две родилки се починати, но не на нашата клиника. Едната родилка е 33-годишна од Делчево и е породена со царски рез, термински. Таа роди здраво машко бебе кое е испишано дома. На денот на хоспитализација, 9 март дојде со негативен ПЦР тест кој го направила во Делчево. На 10 март добивме позитивни резултати со антигенски рапид-тест, направен кај нас. Породена е на 11 март и поради влошување на состојбата е препратена на лекување во 8 септември“, вели директорката Јовановска.

За починатата родилка од Скопје, Јовановска вели дека е донесена од Инфективната клиника, а за живот се бори и бебето.

„Втората родилка е 32 годишна скопјанка. Породена е пред терминот со царски рез. Жената е донесена од Инфективна клиника за да се заврши бременоста на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради лошата клиничка состојба е препратена на КАРИЛ. Предвременото родено женско бебе сеуште е на интензивна нега и е сеуште респираторно зависно, во критична состојба. Малку е постабилизирано, но се уште во критична состојба“, додава Јовановска.

Директорката на ГАК вели дека направиле се што можеле, а се чувствуваат поразено заедно со колегите од КАРИЛ и „8 септември“ бидејќи не успеале да ги спасат животите на двете млади жени.

„Се направи се. Целиот персонал даде се од себе, од КАРИЛ одеа во 8 септември, помагаа. Имавме голема желба овие жени да се извлечат, многу млади родилки, верувавме дека ќе успееме“, додава Јовановска.

Share

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak WONDER EGG PRIORITY

AnimeFreak Hunter x Hunter (2011)

Redo of Healer Episode 8

anime to watch AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

dubbed anime Komi Can’t Communicate

Scroll to Top