Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.
Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри.
Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.
„Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром“, изјави градоначалникот Митески.
Текстот Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“ е превземен од МАКФАКС.




