Приведена жена од Србија, барана за издржување затворска казна

пред 5 години

Државјанка на Србија утрово е приведена на ул.„23-ти Октомври” во Скопје, која била барана по централна потерница.

Џ.И.(20), која била со живеалиште во с.Јурумлери, скопско, била барана за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Share
Scroll to Top